Едно лице загина, а едно е повредено во сообраќајката што попладнево се случи на патот Неготино – Кавадарци,
потврдија за МИА од неготинскиот Здравствен дом.
Оттаму појаснија дека едно лице починало на лице место,
а друго се здобило со повреди и е на иследување во кавадаречката болница.
Претходно од СВР Велес ја потврдија сообраќајката и рекоа дека се случила кај селото Марена.