Љупчо Николовски објави одлична вест за тутунарите

Фејсбук пост на министерот за земјоделие, Љупчо Николовски:

Одлични вести за тутунарите вечерва.

Бордот на директори на Тутунскиот комбинат Прилеп денеска донесе одлука да ги зголеми за 10% цените за откуп на тутунот од веќе договорените цени.

Исто така сакам да соопштам дека оваа година субвенцијата за прва класа ќе биде зголемена за дополнителни 20 до 30 денари односно ќе постигнеме рекордни субвенции по класи.

Најавувам уште неколку други мерки за тутунарите што ќе ги спроведеме за прв пат со што обезбедуваме досега најголема историска финансиска поддршка.

Македонската Влада и министерството не ги остава тутунарите сами.

Државата прави се и ја вреднува маката на секој земјоделец.

Затоа очекувам и другите компании при откупот на тутунот да ја следат оваа политика.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде