Единаесет лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во страотна сообраќајна несреќа во северозападна Турција

Единаесет лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени во сообраќајна несреќа во северозападна Турција, јавија локалните медиуми.

Во верижен судир учествувале седум возила, меѓу кои три автобуси и камион на автопатот Северна Мармара во провинцијата Сакарија.

Причината за несреќата се уште не е утврдена.

Медиумите јавуваат дека областа е покриена со густа магла, а видливоста е слаба.

Гувернерот на Сакарија, Јашар Карадениз за локалните медиуми изјави дека 57 лица се повредени и пренесени во болница, од кои седум се во тешка состојба.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде