Како што пренесуваат италијанските медиуми, вчера попладне се случила тешка сообраќајна несреќа во тунелот Ка’ Гулино, во градот Урбино, во централна Италија.
Според локалните весници, комбето на брзата помош влегло во лентата каде што се наоѓал автобусот, а дошло до верижен судар при што комбето се запалило.
Починале сите четворица од комбето: тројца медицински лица и еден пациент кој бил пренесен во локалната болница.
Во автобусот имало деца на возраст од 7 до 11 години, придружувани од свештеник и неколку возрасни. Тие се враќале од патување.
Меѓу децата имало само неколку полесни повреди, сите биле во шок. Некои плачеле и ги повикувале своите родители.
Rallentamenti per traffico deviato su strada SS73 bis tra Urbino e Fermignano a causa dell'incidente tra un pullman e un'ambulanza in galleria Ca' Gulino. Il mezzo di soccorso si è incendiato. La #PoliziaStradale di Pesaro sul posto per gestire la viabilità #27dicembre pic.twitter.com/RYsDdjECSt
— Polizia di Stato (@poliziadistato) December 27, 2023