Падна оставка во власта: “Каква држава ќе изградиме во таква држава ќе живееме“, напиша директорот Јаневски

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски си поднесе оставка од функцијата.

Од денеска тој повеќе нема да ја извршува оваа функција, информира на својот фејсбук профил.

„Сакам да се заблагодарам на туристичкиот сектор, медиумите, партнерите и меѓународните организации за соработката.

Историските резултати што ги постигнавме во изминатите 5 години говорат за нашата работа. Тоа што го затекнав пред 5 години и бројките што ги оставаме денес во некој следен подолг текст.

Каква држава ќе изградиме во таква држава ќе живееме. Македонија мора напред“,  напиша Јаневски.

Љупчо Јаневски стапи на функцијата директор во АППТ во февруари 2018 година.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде