88-годишна жена во Италија починала откако добила огромна сметка за вода, пренесуваат италијанските медиуми.
На Италијанката Катерина Џовинацо (88) од местото Кампоросо и се слошило кога дознала дека банката од нејзината сметка за сметката за потрошувачка на вода во периодот август-октомври наплатила 15.339 евра.
Старицата била пренесена во болница, но шокот не успеала да го преживее, јавува АНСА.
Давателот на услугата, групацијата ИРЕН, подоцна признала дека била направена грешка во сметката и дека жената потрошила само неколку кубни метри вода за кои требало да плати 55 евра.
Локалните медиуми јавија дека семејството на старицата побарало расветлување на овој случај.