Убиството на малата Вања Ѓорѓевска (14) чие тело беше пронајдено на 3 декември во близина на Скопје го потресе целиот регион. Наодите од обдукцијата пристигнаа во обвинителството, но за пошироката јавност се уште е непознато што се наоѓа во извештајот.
Обвинителството не соопштува повеќе детали и резултатите од истрагата нема да бидат јавно објавени, а како што истакна министерот Оливер Спасовски, случајот целосно е расчистен и комплетиран од аспект на Министерството за внатрешни работи.
Познатиот адвокат во интервјуто за порталот „Република.мк“ истакнува дека народот мора да има информации во врска со истрагата.
Тоа е одговорност на Обвинителството и тие тоа мора да го прават на два-три дена, а на тој начин би се спречиле и шпекулациите што кружат во јавност.
„Мора точно да се утврди што е, и овој што е уапсен во Турција, да се види дали тој организирал некоја група, дали постојат некои списоци, за ликвидации или за киднапирање, сето тоа мора да се дава известување од обвинителство на два-три дена, тоа е нивна одговорност.
Народот да биде во тек, но прво мора да се утврди мотивот“, забележува Фила и додава дека ако девојчето е убиено само неколку часа по грабнувањето, тогаш тешко дека станува збор за користољубие.
И како што вели тој, треба убаво да се види дали навистина постојат списоци, бидејќи доколку постојат, тогаш ова не е обично убиство.
„Ние не знаеме ништо. Ни од судска медицина, дали е убиена со пиштол или се задушила. Ова јас не го знам во Белград, можеби во Македонија го знаете. Но во секој случај мора секој чекор десет пати да се пресмета, па да се донесат заклучоци.
+Знаете ова не е обично убиство“, вели Фила и додава дека ова се однесува како за девојката, така и за лицето Панче Ж. од Велес кој беше убиен неколку дена порано.
Целиот текст прочитајте го ТУКА
Извор : Гламур