НАЈНОВА ДЕТАЛНА АНАЛИЗА: Следува голема промена на времето!

Самиот крај на оваа 2023 година ќе го заокружиме со натпросечно топло време за овој период до годината, освен во котлините со магла и со ниска облачност каде температурите ќе бидат пониски.

Слично време ќе имаме и за време на новогодишната ноќ, стабилно, суво и не многу студено со температури кој ќе се спуштаат до околу, или за некој степен над нулата.

Температури за неколку степени под нулата се очекуваат само на повисоките и на планинските места, а по котлините и понатаму ќе биде магливо и загадено.

Промена на времето и локални врнежи од дожд ќе има уште во првите денови од новата 2024 година, односно од вторник 02.01.2024.

Сепак температурите остануваат без промени во однос на сегашните (натпросечно високи).И во Скопје  и околината продолжува магливото време, а и загаденоста ќе биде многу висока.

Вистинската зима секако дека ќе ни пристигне во јануари, според последните анализи околу 10 јануари, или нешто пред тоа.

Едно е сигурно, а тоа е дека студот и снегот и тоа како ќе ги има кај нас на Балканот во периодот од 1 до 3 месец.

Извор: Метео аларм/ Славчо Попоски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде