Шокантна снимка: Се судрија со брзина од над 200 км на час, две млади лица завршија со тешки повреди

Шокантна снимка од спасувањето на двајцата млади од страшната сообраќајна несреќа во Перама, во која 28-годишниот Александар и 22-годишната Илиана ги загубија нозете, пренесува „Прототема“.

На видеото, направено од патникот во тој автомобил, Илијана, се гледа дека автомобилот се движи со вртоглава брзина од повеќе од 200 километри на час.

Снимен е и моментот кога возилото удрило во заштитната ограда.

Илијана го опиша грозоморниот настан во болницата.

„Кога слетавме, сѐ беше толку моментално. Александар ми рече: „Илијана, сигурно сум се пресекол“, го спуштив погледот и одговорив: „Александар, немам нозе!“, рече девојката и додаде:

„Тоа беше кривина, но ако наместо 210 возевме со 110 на час, можеби сега ќе ги имав двете нозе.„

„Брзавме, многу брзавме“, ја продолжи приказната Илијана за лудото возење по кривулестиот пат.

Кога Александар излетал од патеката, налетал на местото каде што се спојуваат шипките од заштитната ограда, при што како сечила поминале низ возилото и им ги отсекле долните екстремитети.

„Ми ги скинаа. Немав нозе, ги кревав со раце“, вели 22-годишната девојка.

Пожарникарите-спасувачи кои набрзо дојдоа на местото на настанот доживеаја една од најстрашните сцени во нивните кариери.

„Му реков на пожарникарот дека немам нозе. Тој рече: „Девојко, не можеш да немаш нозе“. Ги зедов и му ги покажав: „Еве ги“, рече Илијана.

Во болницата ѝ рекле дека при приемот кажувала само еден збор – Гого.

„Ми рекоа дека молев и реков „Гого“ на одделението за интензивна нега. Гого е мојата ќерка. Првото нешто што помислив и извикав беше: „Моето дете, моето дете“, додала таа.

За разлика од неа, Александар во несреќа ја загубил едната нога, а лекарите се уште се борат за да ја спасат другата.

„Носевме сигурносни појаси, нормално. Да не беа тие, немаше да разговараме сега“, рече тој.

Според „Прототема“, Илиана е целосно свесна дека ќе мора да живее без нозете. Сè уште е во болница.

„Дојде психијатарот и се обиде да ми каже дека немам нозе. Се мрднав од незгодната положба во која бев и му реков: „Види, знам дека немам нозе. Ги држев во раце, знам дека немам. Ги нема веќе. Го шокирав“ – заклучила Илијана.

Видеото погледнете го ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде