Пензионерите и денеска останаа без пензии – еве кога ќе бидат исплатени

Иако пред Новата година имаше најава дека пензионерите своите пензии ќе можат да ги подигнат на 2-ри јануари сепак тоа денеска не се случи.

Минатиот четврток (28 декември 2023) Министерството за труд и социјална политика информираше дека пензионерите нема да добијат пензија на 1 јануари во 2024 година, а причина за тоа е, неработниот ден по повод Новата година.

Сепак од таму информираа дека пензиите ќе се исплатат на 2 јануари, што значи сите пензионери веќе на вториот ден од Новата година ќе може да ги подигнат своите пензии од банкомат.

Сепак некои од банките информираа дека пензиите ќе бидат исплатени на 3-ти јануари.

„Ве информираме дека бевме известени од ПИОМ дека ПИОМ ќе ги исплати пензиите за месец декември на 3 јануари, 2024 година.

Во согласност со најавата од ПИОМ, Банката ќе овозможи пристап до средствата од вашата пензија на банкоматите и во експозитурите, во среда, 3 јануари, 2024 година“, велат од една од банките.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде