Министерката Тренчевска утрово со убава вест за сите пензионери

Сите пензионери, независно од тоа колкава им е пензијата, денеска ќе може да си ги подигнат парите.

Но, многу пензионери вчера ја очекуваа пензијата и дојдоа во банките, но добија известување дека пензија се уште нема.

Тоа ги разгневи пензионерите кои се обратија и во нашата Редакција, пишува Слободен печат.

„Вчера беше прв работен ден. Налозите беа доставени во Трезор и денес се исплаќаат.

Секој први во месецот се носат налозите за исплата. Први јануари беше неработен ден. Дел од банките исплатија порано.

Денес ќе имат средства сите пензионери на нивните сметки“, изјави Тренчевска.

Но, таа не ни одговори зошто за ова пензионерите не биле навремено информирани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде