СДСМ се пофали: Наскоро нов раст на минималната плата!

Во новата година продолжува растот на платите и пензиите, со СДСМ секој работник добива повеќе.

Веќе од месец март следува ново покачување на минималната плата на 22.500 денари.

Во изминативе 6 години, СДСМ ја зголеми минималната плата за 4 пати.

За само неколку години СДСМ ја зголеми минималната плата за над 100% во споредба со времето на ДПМНЕ.

Со праведни и успешни економски политики СДСМ успеа просечната плата да ја покачи на 39.000 денари, за разлика од времето на ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 22 илјади денари.

Денес, просечната плата е за 300 евра повисока во однос на 2016 година.

Воведовме законски решенија, коишто во себе содржат методологија за раст врз основа на зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата.

Со СДСМ платите и пензиите ќе продолжат да растат,се наведува во партиското соопштение.

Во новата година продолжува растот на платите и пензиите, со СДСМ секој работник добива повеќе.

Веќе од месец март следува ново покачување на минималната плата на 22.500 денари. СДСМ за 6 години ја зголеми минималната плата 4 пати а оваа 2024 година следува и ново зголемување вели претседателката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ Елена Устамитова.

– Во времето на ДПМНЕ минималната плата беше 9.000 денари а во некои сектори како кожарската и текстилната индустрија работниците земаа и помала плата. За само неколку години СДСМ ја зголеми минималната плата за повеќе од двојно, за над 100% во споредба со времето на ДПМНЕ. Тоа е повеќе за сите.

Со праведни и успешни економски политики СДСМ успеа просечната плата да ја покачи на 39.000 денари, нешто што беше незамисливо со ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 22 илјади денари.

Просечната плата е за 300 евра поголема денеска во однос на она што беше во 2016 година. Платите и пензиите ќе продолжат да растат со СДСМ, рече Устамитова.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде