Натпросечното топло време за овој период од годината на Балканот, вклучувајќи ја и нашата Македонија ќе потрае се до 7.1.2024, по што следува силен продор на поларен бран од Арктикот и многу снег на Балканскиот Полуостров.
Силен циклон кој ќе се формира над Јадранот за време на викендот ќе донесе многу дожд, а потоа и многу снег во регионот.
Во исто време од Арктикот ќе ни се спушта многу студен воздух кој во деновите потоа ќе ги спушти температурите во длабок минус и тие ќе бидат под просекот.Според сегашните ажурирања на нумеричките модели ширум регионот температурите ќе се спуштат и под -15 степени (понекаде до -20 степени).
Североисточно од нас ќе биде дури и многу постудено. Речиси целиот Европски Континент ќе биде зафатен од овој Арктички бран.
Овој поларен бран ќе ја зафати и Македонија, допрва ќе се утрдува дали и во Македонија ќе има значителна снежна покивка како во регионот, објави Попоски во последната метео анализа, а вечерва најави уште посилен втор бран!
Чисто онака колку да погледнете (се работи за доста долг период, од 15 јануари па во деновите потоа) Ако ова остане вака и се оствари ќе биде вистински хаос (екстремен студ и многу повеќе снег од овој бран сега што доаѓа а температурите понекаде би се спуштиле и под -25 степени на Балканот, а во Алпскиот регион дури и под -35 степени)! Интересно да се следи…многу интересно, напиша Попоски вечерва на Фејсбук.