Возило кое се излизга на магистралата А3 на патот Делчево – Македонска Каменица кај селото Очипала, предизвика застој во сообраќајот на споменатата делница.
На местото на настанот увид врши полициска екипа од ОВР Делчево, од каде информираа дека сообраќајци ги насочуваат возилата да се движат по една лента.
Како можна причина за излизгувањето се напоменува течна материја која е забележана на самиот коловоз.
Апелот од надлежните е внимателно возење на магистралата на која во делови се вози по влажни коловози.