Љупчо Николовски утрово објави убава вест за земјоделците

Дадениот збор го исполнивме. Реализирана авансната исплата на субвенциите, исплатени 752, 1 милиони денари до 54.055 земјоделци

Авансна исплата е реализирана до 22.562 производители на житни култури, за мерката 1.1, во вредност од 403,7 милиони денари. Производителите на житни култури добиваат авансна исплата од 6.000 денари по хектар.

Кон 9.155 земјоделци од мерката 1.4 за градинарско производство, реализирана е авансна исплата во вредност од 65,3 милиони денари. Секој земјоделец производител на градинарски култури добива авансна исплата од 10.000 денари по хектар.

За земјоделците од мерката 1.8 овошни насади исплатени се 131,8 милиони денари до 9.462 земјоделци. Поддршката по корисник кај оваа мерка изнесува 12.000 денари по хектар.

Кон 12.876 лозари исплатени се 151,2 милиони денари за мерката 1.12. Поддршката по корисник кај оваа мерка изнесува 12.000 денари по хектар.

Авансната исплата на субвенциите е нова можност за земјоделците, која доаѓа од новиот модел за субвенционирање, што го подготвивме заедно со земјоделците, а стартуваше со примена од оваа 2023 година.

Модел кој на земјоделците им гарантира навремена исплата на субвенциите, поголема поддршка и мотив за зголемување на домашното производство.

Модел кој ги насочува земјоделците да го произведуваат она што е стратешки важно за државата, а домашното производство да заврши во домашните капацитети, или за сопствени потреби во подготовка на финален производ.

Како министерство продолжуваме и во 2024 година посветено да работиме во интерес на земјоделците и заедно со нив да креираме мерки и политки за уште поголем развој на македонското земјоделство.

Фејсбук објава на министерот Љупчо Николовски

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде