Објавени нови снимки од случајот со убиството на Вања и Панче – Српски новинар со најава дека утре ќе објави се што поседува меѓу што и снимка од киднапирањето

Српскиот новинар Срџан Ного на својот Твитер профил објави нови досега необјавени фотографии од возилото на велешанецот Панче Жежовски.

Фотографиите кои ги објави и снимките кои што ги поседува како што вели тој се направени од безбедносни камери, а во последната своја најава вели дека утре во 16:00 часот ќе ги објави снимките во целост.

Тој во својата најава вели дека ќе ја објави во целост снимката од киднапирањето на малечката Вања како и во целост снимката од „киднапирањето“ на велешанецот Жежовски.

-ЕКСКЛУЗИВНО ги објавувам снимките од киднапирањето на Вања Ѓорчевска од 27 ноември во 07 часот и 30 минути, како и сите други снимки од киднаперот снимени од камерите.

И ЕКСКЛУЗИВНО објавувам видео од „киднапирањето“ на Панчо Жежовски, фризер од Велес.

Ќе дознаете како течела истрагата и кој всушност ги разрешил двата случаи, со нив го поврзал Љупчо Палевски Палчо и обезбедил докази за апсењето на штипјанецот Влатко Кешишов, штипјанецот Велибор Манев и Бор Видевски од Велес.

Очекувајте ЕКСКЛУЗИВНО во петок 05.01. во 16 часот. Следете ме, напиша тој на Твитер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде