Сообраќајка на експресниот пат Штип – Радовиш, министерката Тренчевска била во едно од возилата

На 05.01.2024 во 17.28 часот во СВР Штип е пријавено дека на патот Штип- Радовиш во близина на с.Лакавица,

штипско се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “шкода” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Влада на Република Северна Македонија,

управувано од Г.А.(53) од Скопје во кое се превезувала министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска (54) и вработена во кабинетот Н.Д. од Скопје,

и патничко моторно возило “пасат” со швајцарски национални ознаки, управувано од М.Ј.(48) од с.Мокриево, Општина Ново село со четири сопатници во возилото.

Во сообраќајната незгода со телесна повреда се здобил возачот на шкодата Г.А., констатирана од лекар од Итната медицинска помош Штип. Досега не се пријавени повреди од друго лице.

Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Штип и јавен обвинител.

Извор и фото: Мнет телевизија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде