Таткото на Вања се слуша на снимката објавена попладнево од српскиот политичар, тврдат извори за Скопје1

Во видео најавата, тој објави тонски запис, а за утре најави цела снимка од разговор меѓу таткото на Вања и инспекторите во МВР. Според српскиот политичар таткото на Вања, а не полицијата ги открил, поврзал и решил случајот со исчезнувањето на Панче и неговата ќерка.

Ного најавува нови снимки од грабнувањето на Вања за утре, кое треба да ги покажат моментите пред и по грабнувањето на девојчето од скопско Дебар Маало.

Влера тој објави фотографиите од цитроенот на убиениот велешки фризер Панче Жежовски како и неговото движење пред домот од каде е грабната малата Вања.

Обвинителството тврди дека фотографиите и снимките кои ги објавува Ного не може да ја компромитираат истрагата бидејќи обвинителите ги собрале сите потребни докази за лоцирање и движење на возилото.

Гласот на објавената снимка од српскиот политичар Срѓан Ного, е ист како на Александар Ѓорчевски, татко на киднапираната и убиената Вања Ѓорчевска, тврдат извори вклучени во истрагата за „Скопје1“.

Во снимката се слуша како таткото, објаснува за две возила кои поминале кај кафуле близу Министерството за култура, во Дебар Маало.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде