Драма вечерва во Чаир: Полицијата бркале крадци, при приведувањето тие ги нападнале полициските службеници

Вечерва во Скопје, на подрачје на Чаир, од страна на полициски службеници лишени се од слобода М.Ќ.(32), Н.С. (28) и Н.С.(35) од Скопје постапувајќи по пријава дека

денеска околу 20.30 часот на територија на Кисела Вода извршиле кривично дело „тешка кражба“, по што се дале во бегство, велат од МВР за 4NEWS.mk

Но, по преземени мерки од полициски службеници, тројцата се лишени од слобода.

При приведувањето тие ги нападнале полициските службеници.

По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде