ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Познатиот актер и неговите две малолетни ќерки загинаа во страотна несреќа

Американско-германскиот актер Кристијан Оливер, неговите две мали ќерки и пилотот загинаа во авионска несреќа во четвртокот во близина на карипски остров, објави полицијата на Свети Винцент и Гренадини, објави „Варајети“.

Актерот, чие вистинско име е Кристијан Клепсер, загина на 52-годишна возраст, ќерката Аник Клепсер имала 12 години, а ќерката Мадита Клепсер имала само 10 години.  

Во несреќата загина и пилотот Роберт Сакс. Тие биле единствените патници во авионот.

Станувало збор за едномоторен авион, во сопственост и управуван од Сакс. Леталото се урнало во четвртокот, во близина на островот Бекија, кој е дел од Свети Винцент и Гренадини.

Едномоторниот авион полетал од блискиот аеродром и летал за Света Луција кога наишол на проблеми и се урнал во океанот.

Пронајдени се телата на четирите лица.

Меѓу другото, Оливер е познат по неговите улоги во филмовите „Добриот Германец“ („The Good German“) (2006), „Брзиот тркач“ („Speed ​​​​Racer“) (2008) и „Индијана Џонс и артефактот на судбината“ („Indiana Jones and the Dial of Destiny“) (2023).

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде