Срѓан Ного: Таткото Александар е „наместен“ без докази (ВИДЕО)

Српскиот политичар Срѓан Ного, во своето долго излагање на Јутјуб, тврди дека Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска, имал три станови на свое име вредни половина милион евра.

Според него, парите од станот што мајката Зорица го продала пред две години, биле потрошени на патувања во странство а од нив купила и автомобил марка Мицубиши.

Александар Ѓорчевски е син на имотни родители и пари од неговата поранешна сопруга не му требале, тврди Ного.

Мотивот кој го соопштија органите на прогонот, не да е на стаклени нозе, туку нема врска со паметта и е невозможен.

Александар сакал пари од станот. Кој стан? Оној продаден пред 2 години каде поголемиот дел од парите веќе се потрошени? Или неговиот стан, каде што тој е сопственик? 

Ного тврди и дека Александар Ѓорчевски не се коцкал, никогаш не пиел алкохол и во последните 30 години не користел наркотици.

Овие факти се лесно проверливи. Вистината е и дека причината за разводот не е ни дрога ни алкохол ни коцка. Разводот го барал Александар, а Зорица не сакала да се разведе.

Тоа најдобро го потврдува изјавата што ја дала во полиција, дека Александар е идеален татко. Да бил Александар наркоман, алкохоличар и коцкар, сигурно родителите на Зорица не би му препишале имот на негово име, и тоа после разводот. Поранешните сопружници биле во исклучително коректни односи. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде