Таткото на Вања имал станови вредни 500.000 евра и не се коцкал, тврди српскиот политичар Ного

Српскиот политичар Срѓан Ного во неговиот поткаст на Јутуб тврди  дека таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски не се коцкал, никогаш не пиел алкохол и во последните 30 години не користел наркотици.

Со порнаешната сопруга пак бил во коректни односи.

Овие факти се лесно проверливи. Вистината е и дека причината за разводот не е ни дрога ни алкохол ни коцка. Разводот го барал Александар, а Зорица не сакала да се разведе.

Тоа најдобро го потврдува изјавата што ја дала во полиција, дека Александар е идеален татко.

Да бил Александар наркоман, алкохоличар и коцкар, сигурно родителите на Зорица не би му препишале имот на негово име, и тоа после разводот.

Поранешните сопружници биле во исклучително коректни односи. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде