Циклонот со центар над Јадранот полека ја зафаќа нашата територија, па така од следните часови ќе започнат и врнежите, пишува Славчо Поповски.
Со силниот циклон со центар над Јадранот, до понеделник навечер на планините и на повисоките места се очекува формирање на снежна покривка и тоа особено во западните и во северозападните предели.
На Скијачките центри се очекува да се формира позначителна снежна покривка (локално и до 20 сантиметри, понекаде и повеќе).
Помала снежна покривка ќе се формира и на повисоките населени места, а локално провејување на снег со слаб интензитет во понеделник попладне и во вечерните часови очекуваме и во градовите.
“Бел Божик” на планините! Од вторник сув студ!