Славчо Попоски ја објави најновата прогноза – ќе има ли врнежи од снег?

Циклонот со центар над Јадранот полека ја зафаќа нашата територија, па така од следните часови ќе започнат и врнежите, пишува Славчо Поповски.

Со силниот циклон со центар над Јадранот, до понеделник навечер на планините и на повисоките места се очекува формирање на снежна покривка и тоа особено во западните и во северозападните предели.

На Скијачките центри се очекува да се формира позначителна снежна покривка (локално и до 20 сантиметри, понекаде и повеќе).

Помала снежна покривка ќе се формира и на повисоките населени места, а локално провејување на снег со слаб интензитет во понеделник попладне и во вечерните часови очекуваме и во градовите.

“Бел Божик” на планините! Од вторник сув студ!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде