Со успешните економски политики на СДСМ, платите и пензиите ќе продолжат да растат и во 2024 година.
Во Буџетот за 2024 година веќе се предвидени дополнителни 160 милиони евра за повисоки плати и дополнителни 170 милиони евра за повисоки пензии.
Со СДСМ платите и пензиите растат постојано и во сите сектори. СДСМ ја покачи просечната плата на 39.000 денари или 630 евра.
Во времето на ДПМНЕ просечната плата изнесуваше околу 22.000 денари. Просечната плата е за 300 евра повисока денес во однос на 2016 година, се вели во партиското соопштение од СДСМ.
– Во изминативе 6 години, СДСМ ја зголеми минималната плата 4 пати и сега изнесува 20.175 денари. За само неколку години и во споредба со ДПМНЕ, СДСМ ја зголеми минималната плата за над 100%.
Од месец март следува ново покачување на минималната плата на 22.500 денари. Со новата методологија за усогласување на пензиите, два пати годишно, со растот на просечната плата и трошоците за живот, СДСМ обезбеди континуиран раст на пензиите, независно од чија било политичка волја.
Во споредба со времето на ДПМНЕ, СДСМ за 50% ја зголеми минимална пензија и за 50% ја зголеми просечна пензија. Платите и пензиите ќе продолжат да растат и оваа година.
Со СДСМ има повеќе за сите – велат од партијата.