ФОТО Силното невреме превртуваше камиони во Словенија

Силното невреме што денеска ја зафати Словенија преврте неколку камиони на регионалниот пат кај Поднанос поради што сообраќајот се одвива многу отежнато, а еден од камионите го управувал маж од Србија.

Како што објави порталот 24УР, 61-годишниот маж од Србија не е повреден.

Претходно на истото место се превртело странско комбе со приколка, а 45-годишниот возач, државјанин на Романија и неговиот сопатник не се повредени.

Невремето му нанело проблеми и на 23-годишeн возач на камионот со приколка, кој од ударот се превртел на десната страна, а возач од Хрватска со полесни повреди е префрлен на лекување во болницата во Ајдовшчина.

Невремето предизвикува големи проблеми во областа Северна Приморска, а ударите на ветерот достигнуваат и повеќе од 100 километри на час.

Поради невремето затворен е и крајбрежниот главен пат од врската меѓу Кастелец и Козина кон Љубљана, а Информативниот центар за сообраќај ги повика возачите да се придржуваат до ограничувањата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде