ХОРОР: Србин пробал да ја заколе поранешната девојка, ја избодел во врат па избегал!

Србин (45) е уапсен во германскиот град Дрезден под сомнение дека сторил кривично дело убиство во обид.

Како што соопшти јавното обвинителство, обвинетиот се товари дека во неделата на 7 јануари околу 04:30 часот на улицата Рудолфштрасе во Дрезден Нојштад со нож нападнал жена (36), инаку поранешна негова девојка.

Оштетената била прободена со нож во вратот и со тешки повреди е пренесена на лекување во болница, а осомничениот по убодот побегнал. Но, благодарение на очевидците набрзо бил идентификуван и полицијата го пронашла и го уапсила.

– Србинот и Германецот очигледно имале кратка љубовна врска – наведува јавното обвинителство.

Сепак, пред извесно време двојката раскинала, а според извори жртвата не го очекувала нападот.

– Cè се случи одеднаш. Се утврдува кој бил мотивот за бруталниот обид за убиство. Надлежен истражен судија по барање на јавен обвинител издаде наредба за апсење на осомничениот маж. По апсењето му е одредена мерка притвор – соопштија извори од германските медиуми.

Како што додаваат, уапсениот српски државјанин и претходно неколку пати бил осудуван.

– Тој се уште нема дадено никакви изјави во врска со обвинението за обид за убиство на неговата поранешна емотивна партнерка – наведуваат изворите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде