Опозициските партии на етничките Албанци во Македонија – Беса, Алтернатива и Демократско движење – го предлагаат Руфи Османи за кандидат на претседателските избори, дознава Плусинфо од партиски извори.
Османи е поранешен птратеник на ПДП, градоначалник на Гостивар и поранешен лидер на партијата Национална демократска преродба.
Засега, пратеничката Гордана Силјановска е најсериозен кандидат за кандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, но конечниот избор ќе се случи на партиската конвенција која е закажана на почетокот на март.
Во СДСМ, пак, сѐ поголеми шанси добива актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски, иако во игра е и актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Целиот текст прочитајте го ТУКА