ВОНРЕДНO: ДВА СИЛНИ ЗЕМЈОТРЕС со интензитет од 6,8 и 6,7 степени според Рихтеровата скала ги погодија Филипините и Индонезија

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди индонезискиот округ Острови Талауд во провинцијата Сулавеси.

Потресот бил на длабочина од 91 километар.

Во исто време, Американскиот геолошки институт регистрираше земјотрес со јачина од 6,7 степени во близина на Филипини.

Земјотресот бил на длабочина од 70 километри, на околу 100 километри југоисточно од провинцијата Сарангани.

Не е издадено предупредување за цунами.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде