Јоци: На следни избори, на 8 мај, по 21 часот – СДСМ…

На следни избори, на 8 мај, по 21 часот – СДСМ поп ќе ги пее, до толку македонскиов народ нема да ги гласа. И со секој нов ден, оваа партија се дозакопува, а со нив и нас не влечат во провалија.

🔵Искрено не знам кои се тие ➡️БЕДНИ 1️⃣1️⃣проценти кои годинава на анкети велат дека се за СДСМ, но не е исклучено да се вработени по јавни институции кои се плашат да кажат точно за кого се определени.

Тука плус е и големиот процент од околу 30 отсто кои кријат за кого би гласале, а тоа секако не е СДСМ.

Сум правела своевремено анкети и знам како изгледа тоа со гласачко тело.

🟣Како и да е, никој не вели дека втората најголема партија ВМРО-ДПМНЕ се совршени, но по 8 години владеење на СДСМ/ДУИ, кои ние ги донесовме, а тие ја уништија до балчак земјава – најмалку што може да направиме е да ги тргнеме и да ги нема повеќе при креирање на политичката иднина на Македонија. Должни сме.

⚠️Во 2015 работите кои сме ги сметале за страшни во 2024 – повеќе не се. За тоа е заслужна токму аморфната маса од СДСМ, без грам национална свест, совест и македонски корен.

Тикви без корен.

Овие двојни избори секако се многу сериозни и историски и тоа народот го знае. И ќе гласа со ДВЕ РАЦЕ ПРОТИВ ОВАА КРИМИНАЛНА БАНДА НА ВЛАСТ!

🟡Туку….го читав денеска Стево Пендаровски како вели дека неговиот рејтинг не бил значително променет за овие 5 години мандат.

Хм….не би рекла со оглед дека првиот мандат го доби со сдсмовски гласови, но во голема мера и неопределени, а таа партија ќе се бори со излезност на сопственото разочарано тело, а неопределените кои во 2016 ги поддржаа – нема ни да излезат.

Во тоа ,,значително” може да се кријат минус 100.000 гласа.

🅿️©️И секако да се посмееме.

Читав како онаа нуклеарна несреќа #Данела се уфилмала со тие нејзини ,,дедо мразовци” на астал како таа нејзина нова партија ќе освоела еден пратеник во Скопје, и тоа минимум 🤣

Не бе, женава си живее во розов балон и нема кој да и го пукне со игла и да ја врати во земјинава атмосфера.

ℹ️Левица освои едвај ЕДЕН ПРАТЕНИК во Скопје по 5 годишно постоење од партијата, она сакала веднаш ЕДЕН МИНИМУМ, тројца ваљда и се максимум.

Цепажа!

И за оние кои не се упатени, Данели-манели најверојатно ќе одат во коалиции со Стевчиња-мевчиња. Пошто мислат дека се прејаки и така – од небо им паднаа функции.

И секако, им требаат концентрирани гласови, во Изборна единица 1 – 10.000 гласа.

Проблемот е што нивните омилени општини Ѓорче и Карпош се во две различни изборни единици – кец и двојка, а тоа значи разбиени гласови.

И секако – ТОНЧ. И попуш.

Фејсбујк пост на Јорданка Ивановска Јоци

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде