„Бомба“ на Фокус: Се истражува дали Палевски е вмешан во исчезнувањето на Роберт пред две години!

Во новиот број на Фокус ќе читате: Се истражува дали Палевски е вмешан во исчезнувањето на Роберт пред две години!

После обелоденување на двојното убиство, сознанијата на Фокус говорат дека се проверуваат нерасветлени случаи, како што е исчезнувањето на скопјанецот Роберт Плескоњиќ пред точно 2 години,

кој претходно имал интензивна комуникација со Љупчо Палевски.

Покрај ова, во новиот број на Фокус ќе читате:

М-НАВ
Македонското небо сепак остана отворено за прелети откако владата разреши двајца директори на М-НАВ. Единствено што е различно што зградата сега ја обезбедува МВР, но заедно со кичевската агенција „2 СС Кичево“ која најголеми тендери добива од ДУИ.

АДЕМИ ГО ВРАЌА УДАРОТ
Додека се кршат копјата во Судскиот совет за разрешувањето на претседателката на Врховниот суд, се чини ниту Адеми не седи со скрстени раце. Според информации на „Фокус“, поднесена е кривична пријава за политички притисоци врз врховните судии.

НЕУСПЕШЕН ТЕНДЕР
Поради еколошките обврски да расчистиме со јагленот до 2030 години, „Чебрен“ ни е неопходен час поскоро, не само како произведувач, туку како балансер на сѐпоголемиот процент енергија базирана на фотоволтаиците. Со оглед дека централата не може да се изгради под 7-8 години, неопходно е да се почне веднаш.

Новиот број на неделникот „Фокус“ можете да го купите и во електронска верзија на овој линк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде