Го убил шурата со „сачмарка“ зашто ја силувал ќерка му од нејзина 9-годишна возраст

Грк од албанско потекло (50) од Волос, Грција со пушка – сачмарка го убил братот на сопругата (33), а потоа доброволно и се предал на полицијата, признавајќи го делото што го сторил.

Наводно, 50-годишникот во полиција изјавил дека пукал во шурата откако во вторникот наутро (9.01) неговата 18-годишна ќерка му кажала дека вујко ѝ ја силувал од нејзината 9-годишна возраст.

Неодамна, според она што таа го тврдела, ја уценувал дека ќе почне да објавува видеа и фотографии од неговите дела.

Полициските органи ја одзеле сачмарката,

а за жртвата е наредена обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде