Грк од албанско потекло (50) од Волос, Грција со пушка – сачмарка го убил братот на сопругата (33), а потоа доброволно и се предал на полицијата, признавајќи го делото што го сторил.
Наводно, 50-годишникот во полиција изјавил дека пукал во шурата откако во вторникот наутро (9.01) неговата 18-годишна ќерка му кажала дека вујко ѝ ја силувал од нејзината 9-годишна возраст.
Неодамна, според она што таа го тврдела, ја уценувал дека ќе почне да објавува видеа и фотографии од неговите дела.
Полициските органи ја одзеле сачмарката,
а за жртвата е наредена обдукција.