Мијалков ги купи трите стана на Мијалков на Водно

Фирмата на Јордан Мијалков, „Бест веј инвестмент“ е новиот сопственик на трите стана и гаража на Водно, конфискувани од неговиот татко, екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, во случајот „Империја“

Овој имот беше продаден во ноември на јавно наддавање преку Агенцијата за управување со одземен имот, од каде што пред продажбата свикаа и прес-конференција,

на која се пожалија дека биле заплашувани од страна на сопственици на имотот при обидите за продажба.

Според податоците од Агенцијата за управување со одземен имот, што ги побара БИРН, двата елитни стана на улицата Славејко Арсов од 73 квадрати се продадени по 102.000 евра,

оној од 78 квадрати за 107.000 евра, додека за гаражата од триесетина квадрати, фирмата на Мијалкови платила 20.000 евра.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде