Бремената Албанка Џорџија (41) од Солун била убиена од нејзиниот 39-годишен сопруг со кого несреќната жена очекувала свадба, а негов соучесник во злосторството бил близок пријател (34).
Според првичните информации, жената се здобила со повреди на грлото на матката, а потоа и неконтролирано крварење. Таа била врзана со лисици со лента преку устата, а по телото имала три убоди со кујнски нож. Подоцна, безживотното тело на жената било пронајдено во шума во непристапен дел.
Осомничениот сопруг негирал дека е вмешан во убиството на новогодишната ноќ и тврдел дека не знаел дека неговата сопруга е убиена, но подоцна е пронајден неговиот отпечаток од прст што го поврзува со грозоморното злосторство.
“Не бев вмешан во убиството, ништо не знаев. Бев дома и спиев. Очигледно мојот пријател направи сѐ бидејќи го посочи местото на злосторството и каде е нејзиното тело”, рекол мажот. .
Жената била бремена и имала 13-годишно девојче од претходниот брак.
Второобвинетиот, 34-годишен маж изјавил дека немал намера да ја убие жената, туку сакал само да ја ограби таа вечер.
„Тој немал целна намера и мотив, а камоли убиствен“, изјави адвокатот на осомничениот.
Адвокатот изјавил дека неговиот клиент, 34-годишен маж, учествувал во имобилизацијата на жената, а потоа таа останала сама со сопругот. Подоцна, кога го сретнал својот пријател, му рекол дека Албанката е мртва.
Осомничениот, 34-годишен маж, признал дека бил соучесник и дека мртвото тело на жртвата го однел во шума во близина на Солун.
„Сѐ започна со уверување дека ништо нема да ѝ се случи на жената, а откако првообвинетиот, односно сопругот ја убил, соучесникот сакал да оди и да се предаде на полицијата, но не му дозволил.“ додаде адвокатот.
Според тамошните медиуми, сопругот и претходно бил познат по насилство врз поранешната сопруга, но не бил осуден. Досега против него се поднесени 45 пријави за насилство, некои дури и за силување. Наводно, во криминалното досие имал само пресуди поврзани со дрога.
Откако партнерката му покажала дека нејзината мајка има „купче“ од 8.000 евра, тој се обидел да ѝ ги земе клучевите од куќата, но жената дала отпор, на што тој одговорил со сила и ја прободел со кујнски нож, а му помогнал 34- годишниот пријател.