Четири лица се здобиле со потешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што околу 1 часот по полноќ се случила на патниот правец од Кочани кон Пониква, во близина на месноста Аеродром.
Во возилото се превезувале две момчиња и две девојки од Штип на кои веднаш им била укажана медицинска помош,
а поради сериозноста на повредите се пренесени во Клиничката болница во Штип.
Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од Полициската станица од Кочани.