Бранко Црвенковски, Зоран Заев, Филипче, Спасовски, Пендаровски…меѓу предлозите за кандидат за претседател од СДСМ

Слободен печат од извори во СДСМ дознава дека меѓу имињата коишто се нашле на дел од внатрепартиските анкети кои ги прават социјалдемократите се и оние на Денко Малески и Ивон Величковски

Петнаесетина имиња се најдоа на листите со предлози за кандидат за претседател на државата во рамките на општинските организации на СДСМ, а меѓу нив има актуелни и поранешни политичари, како и поранешни носители на јавни и партиски функции.

Како што дознава „Слободен печат“, досега во општинските организации на партијата се евидентирани актуелниот претседател Стево Пендаровски, премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ, министрите Славјанка Петровска и Оливер Спасовски,

потоа Радмила ШекеринскаЃорѓи СпасовБранко ЦрвенковскиСашо ОрданоскиМаргарита Цаца НиколовскаЗоран ЗаевВенко Филипче и Јован Митревски, актуелен координатор на пратеничката група на СДСМ и иден претседател на Собранието кога ќе се формира техничката влада.

Од СДСМ брифираат дека сите имиња коишто ќе бидат евидентирани ќе бидат тестирани и преку анкети.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде