Експлозија на гас во рудник за јаглен, десет лица загинаа, шест се водат како исчезнати: ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО КИНА

Десет лица загинаа, а шест се водат за исчезнати по несреќа во рудник за јаглен во градот Пингдингшан, во кинеската провинција Хенан, соопштија денеска локалните власти.

жПрелиминарната истрага покажа дека несреќата се случила вчера во 14:55 часот по локално време,

поради експлозија на гас во рудникот, кој е во сопственост на кинеската компанија Пингдингшан Тианан Коал Манинг.

Вкупно 425 луѓе работеа под земја кога се случи несреќата, а 380 од нив беа извлечени од рудникот, јави кинеската државна новинска агенција Ксинхуа.

Спасувачките операции се уште траат, додека одговорните во рудникот за јаглен се во притвор од органите за јавна безбедност.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде