МВР: Дојавата за бомба во НБРМ е лажна!

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека e лажна пријавата за наводно поставена бомба во зградата на НБРМ во Скопје.

Благодарение на воспоставените протоколи за безбедност од изминатата година за институциите а кои и НБРМ ги имплементира, безбедноста е загарантирана со висок степен.

Денеска (13.01.2024) по добиена пријава за наводно поставена бомба, од страна на Единицата за антитероризам при Бирото за јавна безбедност се направени потребните проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.

Апелираме до граѓаните да не се вознемируваат. Институциите имаат обврска да ги следат и имплементираат мерките на Владата во целост и на тој начин да ја засилат безбедноста на своите објекти, велат од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде