Оро нема да се игра, вечерните концерти се откажани: Поради трагичниот настан, измени за Вевчанскиот карневал

Информацја околу дефилето – Св.Васиља (Вевчански Карневал)

ℹ️ Дефилето со маските ќа се одержит во исто време како секоја година.

ℹ️ Имат промена на рутата во која се движет василичарите. Ќа се заобиколит церквата Св.Спас Долни (василичарите ќа поминет од задната стерна)

ℹ️ Музика ќа имат, ама со намален интензитет.

ℹ️ Оро немат да се играт.

ℹ️ Ќа имат минутно молчење во центарот на Вевчани во чест на починатото дете.

ℹ️ Рестораните и кафиќите ќа работет денеска, живата музика е откажана.

ℹ️ Чекаме официјална информацја околу вечерните концерти, најверојатно ќа се откажани.🙏

Споделете да знет сите домашни и гости кој денеска се Вевчани

Своја изјава даде и градоначалникот.

„Поради трагедијата што се случи сношти во Вевчани, во сообраќајна несреќа ни загина млад жител на Вевчани, улиците на Вевчани на 13 јануари никогаш не биле во ваква состојба, празни се, скоро и да не забележав маскирано лице. Вевчани е мало место, сите сме како една фамилија.

Вечерашниот концерт е откажан, забавниот дел го откажав, мислам дека нема да има учесници. Имавме средба со василичарското друштво од Горна и Долна маала, дефилето ќе се одржи во некоја минимална состојба, кој ќе учествува не можам да кажам. Вака никогаш не било“, кажа градоначалникот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде