„СДСМ се грижи за зголемување на ученичкиот и студентскиот стандард, за основците, средношколците, студентите од ранливи семејства и за нивната социјална сигурност,
со дополнителна финансиска поддршка во рамките на 9-тиот пакет антикризни мерки“, соопштија од СДСМ.
„За неколку дена започнува исплатата на финансиска поддршка за 105.000 средношколци и ученици од семејства со месечни примања до 50.000 денари.
Во наредните 6 месеци 35.000 ученици од средно училиште месечно добиваат по 1.800 денари, односно вкупно 10.800 денари до завршување на училишната година
Учениците од основното образование, во наредните 6 месеци добиваат по 1.200 денари месечно.
Тоа се вкупно 7.200 денари до завршување на училишната година за ученик а опфатени се 70.000 ученици од основно училиште“, велат меѓу другото од партијата на Ковачевски.