Починат работник синоќа бил пронајден во градежен објект во тетовското село Порој.
Според информациите од МВР, се работи за 43-годишен државјанин на Албанија.
„На 12.01.2024 во 19.05 часот во СВР Тетово било пријавено дека во с. Порој, тетовско, во објект на градежна фирма, А.Н.(43) од Р. Албанија, кој бил вработен во истата фирма, бил пронајден починат.
Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид бил извршен од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово“ соопшти МВР.
Телото на починатиот е предадено на обдукција.