Уште една трагична сообраќајка ја потресе Македонија: Едно лице загина, едно со повреди пренесено во болница

Едно лица загина во сообраќјна несреќа што се случила синоќа во близина на Дојран. Според информациите од полицијата, до несреќата дошло кога возачот не застанал на полициски знак, туку ја засилил брзината и излетал во провалија.

Во возилото имало 11 лица, мигранти од Сирија. Од нив еден починал на лице место, а друг бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.

На 12.01.2024 околу 20 часот во близина на Дојран, патничко моторно возило „крајслер“, излетало во провалија,

откако претходно не застанало на дадена наредба за запирање од страна на полициски службеници на раскрсница Смоквица и на влез во Валандово, туку продолжило со движење зголемувајќи ја брзината.

При извршениот увид е констатирано дека во возилото се превезувале 11 лица, мигранти од Сирија, од кои едно лице починало на местото на настанот, едно лице е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, додека на останатите лица им била укажана лекарска помош во Општа болница Гевгелија, по што биле сместени во Прифатно- транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка.

Според кажаното од мигрантите, возачот на возилото, пред да излета возилото, ја отворил вратата и скокнал, по што се дал во бегство.

Увид бил извршен од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Валандово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде