Епицентарот на земјотресот со јачина 4,6 степени доцна синоќа по полноќ е регистриран во Албанија.
Според првичните информации на ЕМСЦ,
земјотресот е регистиран во 00 часот и 17 минути и 51 секунда по локално време.
Епицентарот бил на длабочина од 10 километри.
Многу Македонци на социјалните мрежи напишаа дека е почувствуван и во делови од Македонија, особено во пограничните делови од земјата.