Дупката во Фондот е драстично намалена, а бројките покажуваат дека неговиот дефицит се движи од 31 до 32 отсто, што е драстично помалку од ситуацијата во 2019 година, кога тој изнесуваше дури 47 отсто.
Пензионерите не треба да се грижат, додаде Тренчевска и се пофали дека од 2022 година, кога беше донесена новата Методологија за пресметка на пензиите, тие до лани се зголемени за 30 отсто
Зголемените приходи од придонесите од новите вработувања го полнат пензискиот Фонд, тој е стабилен и пензиите редовно се исплаќаат секој први во месецот, соопшти министерката за труд и социјала Јована Тренчевска.
Дупката во Фондот е драстично намалена, а бројките покажуваат дека неговиот дефицит се движи од 31 до 32 отсто, што е драстично помалку од ситуацијата во 2019 година, кога тој изнесуваше дури 47 отсто.
Пензионерите не треба да се грижат, додаде Тренчевска и се пофали дека од 2022 година, кога беше донесена новата Методологија за пресметка на пензиите, тие до лани се зголемени за 30 отсто.
Кога ќе излезат и пресметките за инфлацијата во првите три месеци, од март најстарите граѓани ќе добијат ново зголемување, дополни таа.
-Намалениот дефицит во Фондот е производ на зголемените приходи од придонесите од новите вработувања.
И државата сега најредовно си ги плаќа сите ослободувања од придонесите, така што дефицитот постојано се намалува.
Пензионерите може да бидат спокојни и да си го чекаат први во месецот, а во март ги чека ново зголемување – информираше Тренчевска.