МВР информира дека денеска во 04.18 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„1 Мај“ во Битола, патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки,
управувано од малолетник од Битола, удрило во дрво и две паркирани патнички моторни возила „бмв“ и „форд“, двете со битолски регистарски ознаки.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Битола.