ТРАГЕДИЈА: 42-годишно лице пронајдено мртво во парк

42-годишен жител на Прилеп вчера рано наутрео бил пронајден мртов во паркот спроти градскиот плоштад.

Како што информира СВР Битола во 06.58 од страна на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп било пријавено дека е пронајдено безживотното тело на прилепчанецот.

– Полицијата доби информација дека во паркот спроти Плоштадот „Методија Андонов Ченто” во Прилеп бил пронајден починат Г.В.(42) од Прилеп.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт – велат од СВР Битола.

Оттаму додаваат дека по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде