Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози, а во одредени делови има и намалена видливост поради појава на магла, информираат од Амвтмото сојузот на Македонија (АМСМ).
Според утринскиот извештај на АМСМ, како и на Јавното претпријатие „Македонија пат“, слаб снег провејува на планинските превои Буково и Пресека, но тоа не преставува пречка за одвивање на сообраќајот.
На патниот правец Делчево – Македонска Каменица, пак, поради појава на магла има намалена видливост од 70 до 80 метри, информираат од АМСМ.
Од АМСМ велат дека на одредени патни правци можна е појава на поситни одрони, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. и усеци, можна е појава на поситни одрони.
Оттаму апелираат на внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.