„БОМБА“: Арсовска станува претседателка на партијата која е во коалиција со СДСМ

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска е нов претседател на партијата „Нова Алтернатива“, соопштуваат од партијата.

Оттаму најавуваат дека утре во 18 часот ќе има конвенција за промоција на Арсовска.

„Имаме чест да ве поканиме на конвенција за промоција на новиот претседател на политичката партија Нова Алтернатива г-ѓа Данела Арсовска.

Конвенцијата ќе се одржи утре 17.01.2024 (среда) во 18 часот“, стои во поканата до медиумите.

Неодамна, Арсовска најави дека ќе формира своја политичка партија, со цел да учествува на престојните избори.

Таа наведе дека се во процес на формирање.

Како што пишуваат дел од медиумите Арсовска ја презема партијата на Ѓорѓи Оровчанец – „Нова Алтернатива“, која од 2008-ма година е во коалиција со СДСМ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде