Најмалку едно лице загина, а четири се повредени во експлозија што денеска се случи во фабриката во Крушевац

Најмалку едно лице загина, а четири се повредени во експлозија што денеска се случи во фабриката „Трејл“ во Крушевац.

Српското Министерство за внатрешни работи потврди дека се случила трагедија и прецизира дека експлозијата се случила во објект за производство на горивна лента.

Според првичните информации, едно лице загинало, а четири се повредени и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Општата болница во Крушевац“, се вели во соопштението на српското МВР.

Како што пренесе Н1, по експлозијата избувнал пожар кој е локализиран,

а на местото на настанот го обезбедуваат припадници на полициската управа во Крушевац и на Итната помош.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде